Настески: Германската клиника гарантира упех во лекувањето на Сара

Настески: Благодарни сме на државните институции, но специјализираната клиника во Германија гарантира висока успешност со низок ризик, што за нас како родители е пресудно.

 

Семејството на 15-годишната Сара Настеска од Охрид се заблагодарува за подадената рака на здравствените државни институции, но сепак се одлучи за лекување во Германија

– Доброто на Сара е наш врвен приоритет. Испраќаме благодарност до здравствените државни институции, но сепак се одлучивме за лекување во Германија, пред се` поради успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од нашата земја, на иста возраст и со иста дијагноза како Сара. Токму тоа е причината поради која веруваме во нив, вели таткото на Сара Горан Настески.

Тој додава дека по само неколку дена од започнувањето на акцијата за собирање на средства, добива поддршка и помош од сите делови на светот.

– Отворени се и опции за донирање преку интернет за сите луѓе кои сакаат да помогнат од целиот свет. Од срце им благодарам на сите за поддршката која ни ја даваат. Тоа многу ни значи и се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до целта, односно да обезбедиме соодветен третман за Сара.

Во меѓувреме акцијата се одвива со засилено темпо. Отворени телефони на T Mobile 143 102 и VIP 143 480 за донации, а деновиве се најавени бројни акции, концерти и спортски настани, на кои ќе се направи обид да се соберат средства за помош на Сара, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica. Станува збор за болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за неа.

Болеста кај девојчето е утврдена на почетокот на месец август, а дијагнозата е потврдена со итна биопсија која е направена во Скопје. На почетокот на овој месец повторно ѝ беше направена биопсија, која ја потврди претходно поставената дијагноза. Братчето на Сара, 13-годишниот Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Родителите со резултатите веќе се обратиле и воспоставиле контакти со познати клиники во Турција, Хрватска и Германија. Добиле понуди од Дизелдорф, Франкфурт, како и од специјализирана клиника во Вурзбург, од каде гарантирале висока успешност со низок ризик.

За да се изврши оперативниот зафат на трансплантацијата на коскената срж потребни се над 200.000 евра, пари што родителите не можат сами да ги обезбедат. Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани