Не стивнува иселувањето од сите градови во земјава

Не стивнува иселувањето на Македонците од државата. Огромен број на млади луѓе заминуваат во странство .

Особено загрижува иселувањето на интелектуалците, високообразовен стручен кадар, кој ги напушта сите градови во земјава, вклучително и Охрид кој е прв на листата по иселување.
За разлика од минатото кога најмногу се иселуваа во Автсралија, Америка и Канада, денес најатрактивна дестинација за подобар живот се европските земји.
Според анализите на Агенцијата за иселеништво 100 000 македонци живеат во Германија, додека во Италија 77 000.

Денес државата се обидува да не ги изгуби иселениците, да ги анимира, да бидат амбасадори на својата татковина, да ја посетуваат туристички и да носат гости , а нивните деца да го учат мајчиниот јазик.

– „Новите генерации се селат во Европа, додека во Австралија, Америка имаме постара дијаспора и таму имаме многу асимилирани генерации што се обидуваме преку нашите програми за изучување на мајчниот јазик тоа дда го намалиме. Имаме изгубени генерации кои престанале да се поистоветуваат со нашата земја сакаме тоа да го спречиме во Европа и да го намалиме во светот.“ , вели Никола Шалваринов директор на Агенција за иселеништво на Р Македонија.

Викендов во Охрид Агенцијата за иселеништво имаше конференција за поголема соработка меѓу иселениците на Македонија и Хрватска. Нашите иселеници во европска Хрватска велат и хрватите се селат низ Европа.

-„Ние македонците не сме имале никакви проблеми односно ете јас не сум слушнал некои да имаат некаков проблем а како е да се биде иселеник ќе речам кој како си го средил различни се состојбите. Јас се имам добро снајдено.Тешко е за работа. Сега состојбата е многу поинаква со споредба со тоа време кога јас бев млад. Тешко е за работа има многу невработени во Хрватска. Последните години па едно двесте и дваесет илјади се заминати во Европа значи незнам каде во Ирска најмногу, но мислам ги има насекадеКомплетна Славонија се сели со автобуси. Тие млади што заминуваат нема да се вратат, вели Томе Апостоловски претседател на Советот на македонците во Загреб.

Македонија е печалбарска земја. Според непотврдени проценки триесет милиони Македонци се иселени и живеат во дијаспората. Најголемиот дел во прекуокенаските земји, но ги има и низ Европа. Не може да се спречи традицијата за иселување но, клучниот проблем е да се намали одливот на квалитетните образовани кадри, но и да се зачува нивниот идентитет.
Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани