И покрај најавите дека ќе биде стопирана изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, министерот за култура Роберт Алагозовски кажа дека нема да биде стопирана.
-„Во однос на Плаошник за жал договорите се такви што тоа се преземени обврски проектот е во завршна фаза и не постои начин ние да го запреме исплаќањето на обврските од договорите. Доколку го прекинеме без соодветна судска постапка ќе треба да плаќаме закоснки пенали камати на изведувачите. Така што пак велам задржаните средства се пред се од обврските кои што се натолоѓени пред ние да дојдеме на власт“, рече Алаѓозовски.