Министерот за култура Роберт Алаѓозовски кажа дека засега нема пари за нова современа тетарска зграда.
Приоритет ќе биде да се надминат постојните проблеми во сите театри и домови на култура во земјава.
-„Наша заложба е да се подобрат условите на сите институции на културата меѓутоа ние рековме пред да преминеме во нови градби приоритет би ни било санација на постојната културна инфраструктура. Во таа смисла охридксиот театр е еден од тетартите кои што имаат проблеми со фукнционирањето“, рече Алаѓозовски.
Според министерот и други театри во земјуава се соочуваат со проблеми.
– „И прилепскиот театр работи во многу лоши услови, штипскиот театр исто. Наша цел е да им помогнеме но од друга страна и сами знаете дека преку 20 институции исто така пријавја проблеми од прокиснување, проблеми со греење и слично. Во ЦК Куманово и Штип немаат греење така што проблемите во културата се наталожени“, додава Алаѓозовски.