Ненајавена средба во Охрид: Претседаталот Иванов бара САД да помогне за НАТО

Шефот на државата денеска во „Вилата Билјана“ во Охрид се сретнал со американскиот амбасадор во Македонија и од него побарал силна поддршка од САД за влез во НАТО.

Претседателот Ѓорге Иванов на својот гостин Џес Бејли му рекол дека е потребен дополнителен напор од Вашингтон за Македонија да ја оствари својата геостратешка цел.

Според соошпштението од кабинетот на претседателот на средбата се разговарало за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и САД, за состојбите во врска со европската и евроатлантската перспектива на земјата, како и генерално за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

„Претседателот Иванов изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман во однос на надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија – интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

фотографијата во текстот е од предходна средба на Иванов и Бејли во Скопје.

Извор:expres.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани