На плажата „Фиеста“ во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, вчера во езерските води почина 80 годишниот Божидар О. од Прилеп.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека безживотното машко тело, вчера во 15 часот и 32 минути е забележано во водите на почетокот на плажата „Фиеста“ во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“.
Спасителот на самата плажа прв го забележал давеникот и веднаш реагирал. За жал сите обиди за реанимација биле неуспешни. Неуспешни биле и обидите на лекарите од Кардиолошкиот институт кој воедно дале се од себа за да го реанимираат починатиот
По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Божидар О. (80) од Прилеп. Тој имал одредени здравствени проблеми а смртта настапила при неговото влегување во вода.
-Медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид, констатирала смрт а на безживотното тело не се забележани траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, изјави Димоски.