Тракторист од Велмеј загина кај Брежани

58 годишниот Мирко Ј. од селото Велмеј, општина Дебарца, е човекот што вчера го загуби животот возејќи трактор.

Како што стои во денешното соопштение на Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, едно лице го загуби животот во несреќен случај, што вчера во 14 часот и 30 минути се случи на локалниот пат во селото Брежани, општина Дебарца.

Од здобиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Мирко Ј. (58) од селото Велмеј, општина Дебарца.

Сега починатиот, на локалниот пат управувал возило на моторен погон трактор кој во критичниот момент, се превртел при што од здобиените повреди, Мирко Ј. починал на местото на настанот. Неговата смрт е констатирана од екипа на Итната медицинска помош по што, на местото на настанот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани