Поголемите трговци од градот Охрид денес со писмо до сите надлежни иснпекции и медиумите.
Бараат отстранување на дивите продаваи на храна, поради кои трпат финансиски штети.
Во писмото до инспекциите и медиумите стои:
-„ На потегот од делот на новата автобуска станица, пе преку улицата кај болничкиот комплекс до расадникот забележани се диви продавачи на храна( претежно овошје и зеленчук) кои обавуваат дејност без законска регулација.
На истиот потег се наоѓаат, односно работат и егзистираат преку дваесет маркети и тоа согласно законските прописи, со што се прави удар односно нелојална конкурнција со што се чинат ненадоместливи загуби во работењето на трговските ланци, кои ги плаќаат сите придонеси односно јавни давачки по закон“, стои во писмото до инспекциите.
Трговците бараат инспекторите итно да преземат мерки за отстранување на нелојалната конкуренција односно дивите продавачи.