NEUEYT проектот (Нова рамка за демократско учество и ангажман на недоволно застапени млади од Европа) има за цел да го поттикне и активира младите во демократско учество, со посебен фокус кон младите луѓе во руралните области и маргинализираните млади на кои повеќе им е потребна вклученост, за да учествуваат во соодветен дијалог со креаторите на политиките.
Во нашата земја, невладината организација Порака Нова – Струга како еден од партнерите во овој проект моментално имплементира две од овие иницијативи, а третата ќе започне во октомври.
NEUYET проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата обезбедува 8 иницијативи за младинско демократско ангажирање и учество за младите од Италија, Грција, Франција, Кипар, С. Македонија и Норвешка. Сите партнери од проектот заедно ја создадоа рамката од NEUEYT 8 иницијативи за младите, именувани како: Self advocacy Influencers, We and Us Panel, Voice Up, Part Me, Silent Debate, , Six steps to participation in civic and democratic processes, Pinpointed , Road map to digital youth council, информираат од Порака Нова.
Самозастапувачи инфлуенсер (Self advocacy Influencers) – Самозастапување инфлуенсер е активност која има за цел да ги натера младите од недоволно застапените заедници да работат во парови со други млади кои ќе им бидат ментори.
Тие работат на модули фокусирани на стекнување знаење за работа со социјалните медиуми и изразување преку различни дигитални алатки. Моментално 10 млади од неколку градови од Македонија преку онлјан обуки се стекнуваат со знаење како да креираат свои веб страници преку кои ќе се себе застапуваат и темите од нивен интерес.
Панелот „Ние и ние“(We & Us panel) – е дизајниран со цел да ги одржи младите да им дадат соодветна формулација на нивните потреби, и да ги прикажат на вистинските чинители во општеството (креатори на политики и засегнати страни). 11 млади луѓе од Македонија и Италија во моментов спроведуваат истражување со цел да дознаат за интересот на младите и подоцна да ги претстават заклучоците и интересите на младите пред креаторите на политиките.
Тивка дебата (Silent debate) – ќе се започне со имплементација оваа есен, а има за цел да им даде можност на младите да се изразат на неколку актуелни теми преку учење како да дебатираат и разменуваат меѓу себе и со креаторите на политиките.