Неуспешно бегство од струшкиот затвор

Двајцата затвореници експресно се фатени и вратени зад решетки.

На 24.04.2020 година во 01 часот и 20 минути, во атарот на струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга.
Приведувањето е извршено, откако во 01 часот и седум минути, во полициската станица, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани