Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП „Државни патишта“ КоцТрајановски, извршија работен увид на терен на изградбата на автопатот Охрид–Кичево.
Николоски информира дека градежните активности се одвиваат со интензивна динамика, а на терен се решаваат сложени инженерски проблеми.
„Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите“, објави Николоски.
Изградбата на автопатот Кичево–Охрид е еден од клучните инфраструктурни проекти на Коридорот 8. Според најавите на директорот на ЈПДП Коце Трајановски од јули, рокот за целосно завршување на автопатот е мај 2027 година.

