По две децении се обновува споменикот кај Ботун

По повеќе од две децении запоставеност, споменикот кај селото Ботун во општина Дебрца ќе биде обновен и уреден. Ова го најави градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, кој посочи дека се потребни конкретни активности за зачувување на обележјето.

Според Сиљаноски, споменикот со години бил препуштен на забот на времето, иако се наоѓа на локација која секојдневно ја забележуваат стотици патници.

„После цели две децении молк и неодговорност, време е да ја исправиме неправдата и да му го вратиме вистинското лице на споменикот кај с. Ботун. Ова обележје премногу долго стоеше препуштено на забот на времето, иако се наоѓа на место кое секојдневно го гледаат стотици патници“, наведува Сиљаноски.

Тој додава дека наместо празни зборови и тапкање во место, потребни се конкретни чекори и работа на терен.

„Минатото го знаеме, историјата ја почитуваме, а делата се оние што остануваат зад нас“, порача градоначалникот Сиљаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани