ЈП „Нискоградба“ изврши санација на Мостот на желбите во Охрид.
Наша екипа по барање на граѓаните изврши санација на ’’мостот на желбите’’ кој го поврзува Канео со Св.Софија.
Поради оштетување на подлогата се изврши замена на оштетените талпи со нови со што се зголеми безбедноста на минувачите. Овој потег наиде на поздравување од месното население како и од туристите кои за време на санирањето минуваа по мостот, информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.
