Ноќеска нов земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер, регистрираа сеизмолошките центри во Охрид во 00:09 часот.

Според сеизмолошките центри, епицентарот на потресот бил на 5 километри јужно од Косел, на длабочина од еден километар. Серијата земјотреси кои ова лето го погодија Охрид започна на 18 јуни од кога се регистрирани над 1200 потреси. Најсилниот земјотрес се случи на 3-ти јули и беше со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата сеизмолошка скала.Оттогаш, стравот завладеа кај охриѓани а дел од нив ноќите ги преспиваа во околните населени места.Камповите нудеа и бесплатни преноќишта под шатори.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани