Дали е на повидок решение за струшката депонија?

Владата на Република Македонија, на седница, меѓу другото, донесе одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга.

За таа цел, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на владата добија задолжение да обезбедат финансиски средства со кои треба да се обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија.Во тек бил ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат и спречат можни идни проблеми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани