Семејството на убиениот Димитар разочарано од укинувањето на притворот на Угреновиќ

По укинувањето на притворот на  Бојан Угреновиќ, денес проговори семејството на убиеното момче. Сестрата на Димитар Матилоски, Цветанка Матилоска Пешиќ,  револтирана од одлуката на судот, убиецот од Кралјево да се брани од слобода. 

 

-Крајно сме револтирани од срамната одлука на Основниот суд Охрид да го укине притворот на убиецот Бојан Угреновиц. Тој призна дека го уби Димитар пред истиот суд и беше осуден на 16 годишка затворска казна во декември. Да,постојат дупки во законот но судиите имаа можност да донесат поинакво решение и да најдат некаков начин да го продолжат притворот ако сакаа. Посебно дека се работи за странски државјанин кој многу лесно може да избега од државата, ако веќе не избегал и никогаш да не се појави на судење во Охрид.

Социјалните мрежи горат со стотици коментари од револтурани и загрижени граѓани од ваквиот развој на настаните, и посебно што со одлука на суд ,убиец е на слобода и може да го повтори делото. 

Матилоски се сомневаат дека Битолска апелација му овозможила на убицот можност да помине неказнето.

-„А за апелациониот суд во Битола, јасно им стана на сите дека судиите од Битолска апелација работат во интерес на убиецот и му помагаат нему и на неговиот адвокат Дончо Наков.Како можеа да си дозволат, дали имаат совест, 5 судии од Битолска апелација да ја укинат пресудата од 16 годишна затворска казна, ја укинаа и жалбата за продолжување на притвор.Каква поуката испратија судиите со ова? Убијци може да се шетаат на слобода во Македонија а овдешниот закон и судии ги штитат интересите на убијците а не на оштетените.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани