Кои се сообраќајните „црни точки“ во Охрид и охридско?

Кои се таканаречените „црни точки“ на коловозите во Охрид и охридско?

Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, излезе со информации, меѓу другите и за сообраќајните „црни точки“ на патиштата во Охрид и Охридско. Според нивните анализи, „црни точки“ во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат: патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата Охрид-Струга. На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани.
РСБСП апелира на внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите патни правци со посебен акцент на наведените „опасни места“.

Во Република Македонија во фаза на изградба или на реконструкција се голем број локаклни, регионални и магистрални патиштата. Во фаза на реконструкција се и постојаните автопати, а во тек е изградба и на нови автопати. Целиот овој процес придонесува бројот и локациите на црните точки динамично да се менува и токму затоа РСБСП ги повикува возачите да бидат посебно внимателни на сите делници од патната мрежа каде се изведуваат градежни работи, да ја намалат брзината и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација, која дава дополнителни насоки и упатства за безбедно одвивање на сообраќајот на тие делови од патната мрежа.Во текот на летниот период се очекуваат градежни активности на неколку локации од кои како поважни ги издвојуваме: •времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани). Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5 километри.Целосната информација е на следниов линк: http://kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstruktsija-i-izgradba-na-patishta-vremen-rezhim-na-soobrakaj-tsrni-tochki-zakana-za-bezbednosta-vo-soobrakajot/

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани