Втор обид за распишување референдум за регионална депонија во општина Дебрца. Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и денес, после претходната прекината седница долго се расправаа.
На крајот донесоа одлука со која на министерството за животна средина му даваат 15 дена рок да го прекине проектот за изградба на депонија во атарот на селото Годивје, во спротивно ќе се распише референдум.
И првиот човек на општината дециден и јасен, против депонија во Дебарца.
– Беа испратени дописи до минситерството за животна средина, до владата на РМ до канцеларијата на ЕУ за настанатата ситуација со аргументи кои што се против изградбата на ваква депонија во општина Дебрца,истакна Игор Трајкоски градоначалник на Дебрца.
Претседателот на Советот Даниел Огненоски рече дека ссоветниците конечно ги надминаа партиските интереси и предложија заедничка одлука во интерес на граѓаните на Дебарца, која деновиве ќе биде изгласена и испратена до сите релевантни институции.
Министерството за животна средина го одбра село Годивје, како најпогодна локација за изградба на регионална депонија, но жителите на Дебрца остро се спротиставуваат на одлуката. Велат нема да дозволат во еколошки чистата средина да се загадува воздухот, водата и почвата.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5ТВ