Полека се смирува тлото во охридско. Минатата ноќ регистирирана е нова серија земјотреси, но со послаб интензитет.
Во 02 часот и 12 минути земјотрес со јачина од 3,0 степени по Рихтер, на длабочина од 2 км, повторно со епицентар на 5 км од Косел. Потоа четири нови потреси почнувајки од 04 16ч. утрово. Еден 2,8 , вториот 3,3, третиот повторно 3,3 и четвртиот во 05 часот и 05 минути со јачина од 2,6 степени. Според експертите тлото се смирува. Се очекува за две недели сосема да се стабилизира и да заврши голготата на охриѓани. Дваесет и два денови охриѓани живеат во страв и паника од бројните земјотри кои ги има секој ден.