Несекојдневно уметничко доживување претстои на отворањето на годинешното 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“.
Годинава, џез квартетот „Форплеј“ ќе го отвори годинашното 57. издание на најреномираната културна манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“. Квартетот Боб Џејмс (клавијатури), Нејтан Ист (бас), Чак Лоуб (гитари) и Харви Мејсон(тапани) ќе настапат со оркестарот на Македонската филхармонија под диригенство на диригентот Емин Џијан.Австралискиот квартет е формиран во 1995 година, во својата изведба вклучува елементи на аренби и поп музика.
Сигурно е дека и во 57-то по ред Охридско лето, во традиционалниот термин 12 јули – 20 август, ќе имаме уште едно блескаво издание на Фестивалот со сите нему својствени карактеристики и специфичности што го прават посебен, препознатлив и единствен во нашите простори,стои на сајтот на фестивалот ohridskoleto.com.mk.
Ако се зборува за Фестивалот Охридско лето во пресрет на неговото 57- мо издание,сигурно е дека долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува кон сознание дека, таа се потпира на нешто што навистина претставува голема традиција. А таа традиција извира од местото кое е дадено од БОГА, од градот Охрид – духовната престолнина на Македонија, градот на древноста, со волшебното сино езеро, град со долговековна културна историја со вредностите на античката цивилизација, градот со првиот сесловенски универзитет во Европа, градот на Самуиловото царство и најпосле градот – репрезент на целокупната македонска културна и духовна историја.
12 јули Антички театар Охрид – почеток 21 часот.
Билетите во продажба по цена од 1000, 1500 и 2000 ден.