Охридските хотели се безбедни. Експертите смируваат, нема простор за паника, ниту заминување од градот Охрид.
Не се очекува посилен земјотрес, а објектите и хотелите во Охрид се безбедни за гостите.
– „Сите овие нови објекти што се хотеливе на охридската ривиера па и старите Инекс „Горица“ , тоа е една стена, „Метропол“, „Белви“ тие се сите сигурни и не би требало туристите да се плашат. Па и мислам дека и странците помалку се плашат“, вели Михаил Гаревски директор на Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија.
Македонија има една од највалитетните градби во Европа.
-„После 2013 година секој објект во Р Македонија, односно проектот до 300 квадрати го контролира Институтот а над 300 метри квадратни и проекот и изведбата. Доаѓааме два пати ан терен да видиме дали изведбата се гради по проектот. Можам да кажам со сигурност дека после 2013 ние имае градба една од најквалитетните во Европа“, додава Гаревски.