ИЗИИС постави нови мерни инструменти за земјотреси

Нови мерни  инструменти за земјотреси на повеќе локации во Охрид синоќа постави Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија.

 

Тимот од ИЗИИС ќе ја следи состојбата со земјотресите  во градот, поставувајки мерни иснтрументи во една деветокатница  но и на други  значајни објекти. 

Директорот на ИЗИИС Михаил гаревски  смета дека тлото во охридско полека се смирува. Иако земјотресите не можат да се предвидат сепак  веќе не се  очекуваат посилни земјотреси. 

– „Јас очекувам не повеќе една до две недели комплетно тлото да се смири ако овој беше магнитуда пет. И повторно после месец два да има уште некоја послаба магнитуда која исто е резултат на овој пет земјотрес односно афтер шок. И повторно ќе кажам дека ова беше рој на земјотреси со не толку изразита варијација помеѓу главниот удар и овие пет, шест земјотреси со магнитуда 4,0 и 4,2“, вели за Охриднет.ком  Михаил Гаревски директор на ИЗИИС. 

Триесетина експерти од ИЗИС од утре ќе вршат и увид на оштетените објекти во градот.

Единствено невообичаено и еночекувано за експертите во овие дваесет и два денови, кога во охридско се регистрирани над 1200 потреси се силните афтер шокови со јачина од 4 и 4,2 степени. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани