Оваа фотографија е од 1975 година. иако не така далеку, но промените се огромни.
Од рибарска населба некогаш, денес плажата Канео пренатрупана со угостителски објекти. Фотографијата е носталгија, копнеж по минатото…..
Повозрасните со жалење се присетуваат на некогашната убава плажа која, како што велат им припаѓала на охриѓани.

-„Канео, 1975 година, кога беше НАША, природна плажа, со карпи, камења и песок, а не како денес, целосно приватизирана како да е лично наследство на поединци, окована со железни, бетонски и дрвени платформи, начичкани лежалки и кафеани и без трошка душа која ја имаше во минатото. Жално, за нас што ја паметиме таква, а уште пожално за тие што никогаш немале прилика да ја видат и да уживаат во нејзината природна убавина, па еве, барем вака, нека ја видат на по некоја фотографија од нормалното време во градов!“, пишува Милчо Георгиески.

Денес бетони, железа…..
