Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозоски, сменет е претседателот на Управниот одбор (УО) на Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, Зоран Вељаноски – Летра и членот на Одборот, Тошо Чочороски.
За нов член, воедно и претседател на УО именувана е Оливија Пирузева- Јанева, просветен работник од Охрид, инаку член на Советот на општина Охрид. Вториот, нов член на УО е Маре Ристеска, педагошки работник од Охрид. Од редот на вработените во установата, преставници се Катарина Митрека и Субија Изеироски. Во Управниот одбор на фестивалот останува членот кој е на предлог на Локалната самоуправа, Љупчо Кеверески.