Нова книга на д-р Миќуновиќ посветена на црквата Свети Јован Владимир во Подгорци

Неуморниот и најплоден автор во нашата држава, ако така може да се каже е проф. Д-р. Миле  Д. Миќуновиќ. Пензионер од Охрид. Тој истакнува дека досега објавил 124 книги на 31. 797 печатени страници и истите се печатени во над 50 илјади примероци на македонски и на други јазици.

Најновата книга на овој многу плоден автор  има наслов „Црквата Свети Јован Владимир во Подгорци“ и истата претставува врвен публицистичко-научен труд  што заслужува секакво внимание. Имено, црногорскиот крал Јован Владимир за да се смират меѓусебните борби на овие балкански простори се оженил за ќерката на цар Самоил Косара. Но, за жал, целта небила постигната. Иако љубовта „на прв поглед“ сепак, непријателствата продолжиле, но и поделбите. Значајно е да се истакне дека ова и ваква љубов меѓу Јован Владимир и Косара, нашате балкански Ромео и Јулија се инспирација и во други уметности, а во негова чест само во селото Подгорци, струшко е подигната црква што го носи името на црногорскиот владател, а за кого авторот проф. Д-р. Миле Д. Миќуновиќ инаку член и академик на неколку академии по медицина во странство, има изработено многу значајно Родословие за неговото семејство, кое претставува вистинска вредност за историската наука. Тој за својата најнова книга посветена на црквата подигната 1925 година и сега преобновена, претставува значаен историски и духовен храм на црногорскиот и македонскиот народ… За преобновувањето и фрескоживописување на Свети Јован Владимир после едн век од изградбата ( 1924 – 2024 ). Сите овие работи во и оклу црквата овие години се направија во најголем дел со донација на м-р Владо Пупиноски, кој корени по татко се од ова прекрасно село Подгорци а сега живее во Охрид. Taка на денот 4 јуни 2024 година, на самиот ден кога Подгорчани го слави празникот Св.Јован Валадимир се изврши  чинот на преосветување на ново уникатните фрески, со кој чиноначелствуваше Неговото Високо – преосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во присуство на семејството и на самиот донатор Владо Пупиноски, кој истовремено беше овогодишен кум на одбележувањето на еден век од Манастирот Св.Јован Владимир.

Тој за најновата книга, го истакнува следното:

Науката е долга ( широка,  длабока ), а животот е краток и никогаш неможе ништо да се истражи до крај. Доколку се чека да се напише совршена книга , а не се објават своите истражувања, тогаш нашите потомци би биле посиромашни за многу значајни дела. На тој начин се дава придонес за историјата, се остава трајна трага во сферата во која се работи и, и се прави траен споменик.

Да му посакаме на овој плоден звтор и научник, професор и специјалист по урологија, ако досега во своите 73 години, напишал и објавил толку многу книги, тогаш да го држи здравјето и во наредните години и децении да напише и објави уште токлу наслови, со што нашата наука и публицистика, навистина ќе се збогати со многу нови историски факти и сознанија, што ни се толку потребни за иднината.

Такст и фото : СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани