Нова самостојна изложба на Славица Танеска во Охрид: „Борба без победник“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 13 јуни 2026 година (сабота) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Славица Танеска, насловена „Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“.

Станува збор за нејзина 13-та самостојна изложба, која повторно се враќа во истиот простор каде што и започна нејзиниот изложбен пат во Охрид.

Изложбата ќе ја отвори Славко Упевче, а уметницата упатува покана до публиката да присуствува во што поголем број, истакнувајќи дека оваа поставка за неа претставува едно од најзначајните и најлични уметнички остварувања досега.

Посетителите се поканети да бидат дел од отворањето и да ја доживеат најновата уметничка приказна на Танеска.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани