Со нов анекс на договор ќе се ослободат 230 милиони евра и ќе се интензивира градбата на автопатот Кичево – Охрид.
Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кинеската компанија „Синохидро“ во моментов се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Министерот рече дека до крајот на месецов до Владата и до Собранието ќе се поднесе нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и на тој начин ќе се интензивира градбата. Со самото ослободување на средствата кои ќе можеме да ги алоцираме по различни ставки, ќе може да продолжи изградбата и да се платат компаниите кои работат на изградбата на автопатот.
