Ново зголемување на пензиите

Износот на средствата што пензионерите ќе го добијат овој месец како септемвриска пензија ќе биде повисок со споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август.

 

Просечната пензија со ова вклучено усогласување ќе изнесува 14 500 денари, додека во септември 2016 година изнесуваше 13 106 денари.

Со исплата на септемвриската пензија на почетокот на месецов ќе биде извршено усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани