Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на акцијата ќе се чисти и во Охрид.
Иницијативата е резултат на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и стратешкиот партнер за управување со отпад – австриската компанија Саубермахер.
Според програмата, на 8 мај (петок) ќе биде поставена донирана урбана опрема, која опфаќа 6 нови контејнери за отпад, 3 дозери (држачи) за хигиенски ќеси за миленици и 5 специјализирани канти за одлагање отпушоци.
Покрај во Охрид, акцијата ќе се реализира и на повеќе локации во соседните општини Струга, Дебрца и Вевчани.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест и одговорноста кон животната средина и природата. Од почетокот во 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собрале над 1.500.000 килограми отпад во рамки на „Генералка викенд“.
