Текбол маса – нова спортска содржина за охридската гимназија

Општина Охрид, во соработка со Јадранската Текбол лига од Подгорица, Црна Гора и компанијата Тримакс, успешно ја реализираше првата промоција и презентација на текболот како современ и динамичен спорт во основните и средните училишта во Охрид.

Нашите гимназијалци имаа извонредна можност одблиску да се запознаат со текболот – еден од најбрзо растечките спортови во светот, кој денес се игра на пет континенти и обединува повеќе од 150 национални федерации. Со својата уникатна комбинација од фудбалска техника, прецизност и брзина, текболот предизвика голем интерес и ентузијазам кај учениците.

Особено значајно е што текбол масата останува во сопственост на Гимназијата, што ќе овозможи континуиран развој на овој спорт и поттикнување на нови спортски таленти. Со нетрпение очекуваме наскоро да ги видиме и првите гимназиски текбол играчи кои ќе го претставуваат нашето училиште.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани