Од билтенот на СВР Охрид: Многу кривични, пожар во Скребатно

Кривични добиле жители од Охрид, Лескоец, Струга и Лабуништа.

СВР Охрид, информира за поднесени кривични пријави за „спречување на службени лица при вршење службени дејствија“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во текот на изминатото деноноќие (18/19.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, шест лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Кичево-4). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 28 контроли врз лица во изолација, 14 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-4, Струга-6, Кичево-3, Дебар-1) и 38 контроли на угостителски и други објекти.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека се поднесени три кривични пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ а имало пријавен пожар во Скребатно. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(46) од охридското село Лескоец. Тој, на 07.03.2020 година околу 17,00 часот, во селото Куратица, попречувал службени лица од Управа за јавни приходи, кои преземале мерки во угостителски објект лоциран во истото село. По истиот основ, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И.(45) од Охрид. Тој, на 09.05.2020 година во 21,20 часот на Булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил затекнат за време на полицискиот час без дозвола издадена од надлежен орган со што го прекршил спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(29) од струшкото село Лабуништа. Полициски службеници при контрола извршена во селото на 09.05.2020 година, во 22 часот го затекнале пријавениот без дозвола за движење во време на полициски час. На 18.05.2020 година во 08.50 часот, во СВР Охрид, М.Л.(57) од охридското село Лескоец, пријави пожар во неговата викенд куќа во селото Скребатно. Според пријавата, пожарот се случил во периодот 17/18.05.2020 година при што предизвикана е материјална штета.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани