Вицепремиерот Александар Николоски синоќа информираше дека извршил увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, при што најави дека клучката кај Требеништа од денес ќе биде пуштена во сообраќај.
Тој посочи дека интензивно и максимално посветено се работи на изградбата на автопатот, со цел негово навремено завршување.
Воедно, нагласи дека се работи и на поврзување на сите населени места долж трасата, преку изградба на соодветни пристапни патишта и клучки, со што ќе се подобри сообраќајната поврзаност во регионот.
