По нова програма ќе се делат субвенциите за периодот од 2019 до 2021 година.
Авиокомпанијата што ќе користи државна помош за да оперира со евтини летови во наредните три години, најдоцна до 10.01.2019 година ќе мора да воведе најмалку по две нови рути од охридскиот и скопскиот аеродром. Според Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, со новиот повик се предвидува секоја нова дестинација воведена од охридскиот аеродром да не биде опслужувана со редовен воздушен превоз во последните две сезони. Корисникот е обврзан доколку има постојани дестинации да ги опслужува и нив најмалку два пати неделно во било која од сезоните по однапред определен ред на летање за периодот за кој што се доделува финансиската поддршка и доколку ги зголеми фреквенциите за истите ќе добие финансиска поддршка.
