Од паднато дрво згасна млад живот

Дрвото паднало врз главата на 36 годишен жител од Либражд.

Трагичен настан се случил вчера во близина на струшкото село Франгово. Вчера во 13.45 часот во Општата болница во Струга донесено е починато лице кое било повредено при работа со дрва кај струшкото село Франгово.
-По преземени мерки од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, констатирано е дека се работи за Бујар Х. (36) од селото Рајце општина Либражд-Република Албанија кој бил на работа во месноста викано „Гропа“ атар на село Франгово. Во еден момент, врз него, од висина околу 10 метри паднало дрво при што истиот се здобил со повреди и посекотини на главата. Повредениот бил пренесен до селото Мали Влај каде ги чекала медицинска екипа од Итната медицинска помош-Струга кои се обиделе да го реанимираат но истиот не покажувал знаци на живот. Смртта била констатирана во Општата болница во Струга, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По наредба на надлежен Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани