Од што почина малата Анастасија Маркоска од Охрид? Лекарска негрижа, превид или тешка болест денес обдукцијата треба да покаже.
Аастасија била донесена на детското одделение при медицински центар Охрид завчера попладне со симптоми на малаксаност. Лекарите му дале инфузија и откако девјчето било подобро го испратиле дома. Ноќта околу полноќ истиот ден родителите го донеле поворно детето во болница , но овој пат мртво, без знаци на живот. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале.
Јавноста не мирува. На социјалните мрежи гласно се критикува здравствениот систем и министерт заздравство. Воедно со нетрпение се очекуваат официјалните информации од обдукцијата за причините за прераната смрт на малото ангелче.