Најбогата жена сопственичката на Лореал

Во светот има околу 2400 милијадери, а од нив 12% се жени. Тие вкупно имаат 930 милијарди долари.

Најбогата меѓу жените е Лилијан Бетанкур од Франција има богатство од 43,1 милијарди долари и е сопственичка на Лореал. Таа има 94 години и е најстара милијардерка. 

Алис Волтон од САД е втора и има 67 години. Располага со  38,7 милијарди долари, а парите генерално и се заработени од скапи слики. 

Сузан Клатен од Германија на возраст од 55 години е трета. Таа заедно со својот брат има фармацевтска компанија. Важи за најбогата деловна жена во Германија, а слободното време го поминува со семејството. 

Лорин Пауел Џонс од САД има 53 години и е основач на Епл. Располага со богатство од 20 милијарди долари. 

Ирис Фонтбоба на возраст од 75 години од Чиле е најбогата Чилеанка, а богатството го наследила од сопругот.  Таа поседува богатство од 13,7 милијарди долари, но и покрај возраста води семеен бизнис. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани