Во Самуиловата тврдина, денеска со историски час беше одбележана 1003 годишнината од смртта на Цар Самуил.
Пред осмооделенците од охридските основни училишта, историскиот час одржа професорот Никола Цивкоски, а на свеченоста присуствуваа и фолклорните ансамбли од Македонија, Хрватска и Србија, кои учествуваат на фестивалот што се организира под името Цар Самуил.