Одбраната достави обемна листа на докази, одложено судењето против Мерко

Повторно  одложена главната расправа за судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други возила за општинските потреби.

Причина за одлагањето е тоа што одбраната достави обемна листа на докази, вкупно 68 вербални и писмени, кои Судот треба да ги разгледа но и да прибави одредени документи од надлежните институции.

– „Потребно е време и за обвинителството да се запознае со истите но и за судот. Интенцијата е да не одлагаат, судот ќе се потруди во најкраток можен рок  документите кои и се потребни на одбраната да се обезбедат“, изјави Надица Митреска судија.

Од судот велат нема да има натамошни одлагања, судскиот процес  се очекува да  заврши во разумен рок.

-„Согласно принципот на судење разумен рок и ефикансост на постапката што е можно побрзо но со почитување на правата на одбраната“, додава Митреска.

Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција го гони струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба. Според обвинението без претходно одобрување од Советот на Општина Струга и без конкретната јавна набавка да биде предвидена во Одлуката за извршување на Буџетот на општината за 2018 година, спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка и го оштетил Буџетот.

Според обраната со доставувањето на  листата на докази  ке се обидат  да ја побијат  тезата на јавното обвинителство дека обвинетиот сторил некакво кривично дело воопшто.

Главната расправа е одложена за 8 јули.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани