Одбраната на Мерко бара отфрлување на обвинението за набавката на Ауди А6

Продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра.

Обвинителот побара судот да ги отфрли предложените докази  од одбраната  со образложение дека  се нејасни и нецелосни докази, значително ќе придонесат за  одолговлекување на постапката,  а фактите не се релевантни.

Одбраната пак,  предложи судот да го одбие обвинителниот предлог, бидејќи рокот за обвинение изминал.

-„ Обвинителниот предлог од страна на Јавно обвинителство  е поднесен на ден 28.02.2024 година до Основен Кривицен суд Скопје, со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година, што значи изминале повеќе од 5 години и судот требало согласно член 337 од Законот за кривична постапка, да донесе решение со кое ке го одбие обвинителниот предлог“, рече адвокатот на Мерко,   Игор Петкоски.

Судијката ја одложи главната расправа, за да ги разгледа предлозите на обвинителот и одбраната.

– „Одбраната и јавното обвинителство истакнаа предлози  во однос на кои судот мора да провери, особено во однос на предлогот на одбраната со кој што бара судот да донесе решение дека во поглед на тоа е настапено застареност на кривичното гонење“, истакна Надица Митреска судија.

Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал  го гони струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, бидејќи  спротивно на начелата на законитост,  како и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра со што го оштетил буџетот.

Судскиот процес со сослушување на десеттина сведоци ќе продолжи на 02 септември.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани