Одбраната тактизира одложено судењето за убиството на Димитар

Одбраната на обвинетиот за убиството на  Димитар Матилоски тактизира. На денешното рочиште не се појави адвокатот на обвинетиот турист од Кралјево, па рочиштето мораше да биде одложено.

Целта на  одбраната е да истече законскиот рок за притвор па обвинеитиот Бојан Угреновиќ  да биде пуштен на слобода, со што му се дава можност да ја напушти државата, велат застапниците на оштетените за Охриднет.

-Денешното рочиште за главна расправа се одложимпоради недоаѓање на бранителот на обвинетиот мегутоа со таквото одлаање се остваруваат нашите стравувања дека ќе моара судскиот совет да донесе решение за укинуање на притворот на обвинетиот со оглед дека крајот на јули истекува заккнскиот рок од една година. Тогаш обвинетиот ќе се брани од слобода. Може да замине во Србија а потоа да биде недостапен, вели Кристина Камчева Недеска адвокат.

Судијата Весна Кичеец го осуди Угреновиќ на 16 год затвор, но апелација го врати случајот на повторно судење. Денешната расправа беше закажана токму на роденденот на убиениот Димитар, кој денес ќе полнеше 28 години. Душата полна со тага , во очите навираат солзи , семејството бара правда.

-Мојот син за време на Новогодишната ноќ 2016мгодина беше свирепо убиен од страна на турист од Кралјево.Денес се одложи рочиштето поради недоаѓање на адвокатот. На денешен ден 6 јули 1989 год е роден мојот син и денес бевме на гробишта таму го правевме неговиот роденден. Од ова место порачувам дека ниеден  нема право да убива друг човек. И посакувам ниедна мајкамда не ја доживее оваа болка и трагедија. Моите чуства јасбгимимам напишано во книгата ,,Мојит живот после изгубен живот,,.Сега ја пишувам втората книга, која ќе биде издадена следната година, вели Драгица Матилоска мајка на убиениот Димитар.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани