Огревното дрво главна причина за загадувањето на воздухот, решението е гасификација

И охриѓани дишат загаден воздух. Со стартот на грејната сезона градот се соочува со лош квалитет  на воздухот. Мерните  станици покажуваат  просечно,   но  во ноќните часови  и енормно загадување.

Главната причина е енергетската сиромаштија. Поголемиот број  домаќинства се  греат на  дрва, тоа им е најекономично.

Да ви кажам право имаме дрва.  За нас одговара поради тоа што готвиме.

На дрва, за мене е најекономично моментално према објектот.

На дрва, најубо ми е ни воздух ми суши и економично.

Скапа е струјата сиромашен народ сме ние.

Според научната фела градот се гуши и поради претераната  урбанизација  и намалувањетое на зелената инфраструктура на крајбрежието.  Висококатниците на брегот ја  намалуваат  циркулацијата на  воздухот и ветровите.

Општината изработи План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, според градоначалникот решението е гасификација.

-Дефинитивно најголемиот загадувач е огревното дрво врз основа на она што го кажуваат експертите, ова го покажуваат нивните анализи. Кога веќе е детектиран најголемиот загадувач е можеби она што во иднина треба да претставува дотокот на гас односно гасификацијата, вели Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид.

И следната година општина Охрид ќе продолжи со субвенциите за клима уреди како едена од мерките за намалување на загадувањето на воздухот.

За разлика од минатото Охрид  последниве  неколку години  високо котира на листата најзагадени градови во земјава.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани