Повредени четири лица во сообраќајка на патот Охрид- Кичево

Повредени четири лица во сообраќајка на патот Охрид- Кичево.

-На 02.11.2024 година во 14.40 часот, кај месноста „Горица“ во близина на магистралниот пат Кичево-Охрид, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил „Шевролет Калос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.С.(53) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(29) од кумановското село Лојане. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на второто возило и сопатниците во првото возило Р.П.(55) и З.С.63), двајцата од Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот на првото возило и Н.А., сопатник во второто возило. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, инфрмираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани