При претекнување изгубил контрола и излетал од патот.
-На 02.11.2024 година во 09.05 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, патнички автомобил „Опел Корса“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(1975) од селото Велмеј, општина Дебрца, при престигнување на друго моторно возило, изгубил контрола и излетал на коловозната лента која е во изградба. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С. кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.. Еразмо“. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, стои во билтенот на СВР Охрид.