Награди и признанија за филмовите на двајца охриѓани. Љупчо Паункоски и Томе Љушев се закитија со вредни признанија на 53. Државен фестивал на непрофесионален аматерски филм што се одржа синоќа во Скопје.
Љупчо Паункоски синоќа освои два златни медали: еден за репортажата СЕЛЦИ – МАЛЕСИЈА , вториот за документарниот филм КИНОТО ОХРИДСКО ЕЗЕРО.
Томе Љушев – Шпанец освои ГРАНД ПРИ награда за најдобра режија за филмот „Страсна недела – Бигорски манастир“, Златна плакета за камера за филмот ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ и Златна плакета за монтажа за филмот „ОФ РОУД ЛАДА НИВА 1.6 ВС ЏИПИЈАДА.
Филмот на Љушев посветен на Бигорскиот манастир и филмот Паункоски за киното Охридско Езеро ќе бидат македонски претставници на фестивалот UNICA во Бирминген – Обединетото Кралство.