Граѓаните на Охрид и регионот неможе да направат компјутерска томографија за да им се одреди дијагноза, бидејќи апаратот во болницата не работи од ланското лето.
Од 18 август граѓаните се испраќаат во други градови.
-Ова за Охрид е голем хендикеп, а ние имаме голема потреба од една таква опрема. Веќе долг период не работи компјутерската томографија, треба да се чека уште неколку месеци, а болестите не чекаат, рече докторката Виолета Мицковска во изјава за Курир.мк.
Пациентите се жалат дека и кога ги препраќаат, тие не се во можност секогаш да заминат во друг град или Скопје. Тоа се големи финансиски трошоци.
-Немаме пари да одиме во дуг град, поинаку е тука, велат пациенти,.
Уредот може да работи, но за поправка се потребни 6 милиони денари, пари кои болницата ги нема затоа што блокирана и е банкарската сметка.
Инаку компјутеерскиот томограф во Охрид изминативе пет години беше максимално искористен. Доктор Софка Маленко, познатата докторка од Охрид беше дежурна 24 часа дневно. 22000 пациенти во пет години беа сликани на истиот апарат.
-„Апаратот е расипан веќе шест месеци. Цефката е потрошена и мора да биде заменеета. Ние максимано го искористивме компкутеркиот томограф. 22 000 пациенти се сликани изминативе пет години во Охрид. Имало денови кога не работел но тоа било кртако, единствен застој беше додека се градеше болницата. Ние шест месеци сме без работа, со врзани раце заради расипаниот компјутерски томограф“, вели д-р Софка Маленко во изјава за Охриднет.ком.
„Јас работев и работам со мојот тим заедно сите овие години и сме познати и признати во цела Македонија и надвор од неа. Нашите резултати ги признаваат во многу познати реномирани болници во странство, додава д-р Маленко.
Пациентите пред се` се упатуваат во болницата Свети Еразмо а потоа во други градови, појаснува Маленко.
