Се затвора стационарот за бездомни кучиња во Охрид. На официјалниот фејсбук рпофил Анималија Охрид разочарано напиша дека ја прекинува работата на терен.
Ви го пренесуваме целото соопштение:
-„Почитувани поддржувачи на Анималиа, љубители на животни и пријатели, не верував дека ќе дојди време да го пишувам ова, но рачунајќи го фактот дека Анималиа веќе влезе во петтата година од нејзиното постоење, а проблемот околу кучињата не е мрдна од точка за негово решавање, напротив, веќе е полошо. Сакам да ве известам дека завршувам со какво и да било работење на терен, излегување во пресрет за спасување, јавување на телефон или одговарање на пораки.
Се надевав, имав преголема желба, мислев и не сте свесни колку фантазирав, дека нештово ќе се развива, но, наместо да се развива луѓево си сфатија-тука е Анималиа и нема никаква потреба нешто да се менува или да бидеме сите подобри, да се почитуваме, ако ништо друго да се почитува барем работата и идеата, да се помогнеше во развивање на таа идеа, напротив, таа идеа се уништи, бидејќи ништо што е добро во ова наше место нема простор за развивање, доброто, кај нас секогаш е искористено, искористено до степен на изнемоштеност. Немам веќе енергија, ми ја потрошивте.
Жал ми е, но неможам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени, згрижени. Јас сум сега сама во стационар, стационар кој е импровизиран и таа импроцизација веќе ме иритира, ме напнува и ми ја отежнува работата.Немам енергија да поправам веќе поправани кафези по не знам кој пат, врзани со жици од ново и од ново, да поправам веќе поправани врати кои се импровизација, немам енергија да се расправам со моите комшии во стационарот, нема струја, тепачки има секојдневно, некои кучиња не се сакаат и нема веќе простор за нови комбинации, сите комбинации ги пробав, два-три пати месечно обавезно има дови дупки на импривизираната ограда, секој ден одам и се молам да не ги најдам избегани-кај комшиите. Ве молам разберете ме, 50 кучиња моментално кои што се на моја одговорност, сигурно вие можите барем едно да спасите од улица, сигурно за едно можите да најдите начин да му помогните. Јас морам секој ден да сум таму, не е битно дали ми се оди, дали ми се спие, дали врни снег или дожд, јас морам да одам таму и само за тоа ми остана енергија. Две годиншиот труд околу проектот за стрилизации пропадна, се беше отруено, неколку само беа вдомени. Што уште јас да напрам? Општината нема никаков интерес за решавање на проблемот, новинарите секојдневно ве трујат со приказни за вонземските суштества што ќе ги сретнете на улица, луѓето трошат преголема енергија во исмејување и критикување на здруженијата место таа енергија да ја насочат на вистинското место. Ова е веќе крајот, нема други начини, а секојдневно се мислам, нема веќе начини, да имаше немаше да го пишам ова.
Мојот фокус почнивајќи од сега до крајот на Август ќе биде наоѓање дом за кучињата од стационар, изнаоѓање начин за ново место без импровизации и изнаоѓање начин за вработување на едно лице во стационар. Да ви кажам дека во овие 5 години не се појавил НОВ волонтер, ново лице со иста желба, иста страст.
Потребен ми е мир и ве молам да го почитувате тоа! Не сум имала слободен ден година и пол, потребен ми е одмор, морам да се сконцентрирам во намалување на бројот на кучиња во стационар за да си ја олеснам работата таму. Помагајте онаму каде што можете, сега веќе секој е сам, само што јас ги имам 50 кучиња во моментов, сигурно дека ќе можите да се снајдете за едно. Барајте ветеринари, не ме барајте мене.
Крајот на Август, тие што ќе останат ќе ги пуштам на улица. И тие што ме знаат, знаат дека премногу ми е тешко за одлукава, но неможам да ви бидам на располагање на цел Охрид и неможам да ги спасам сите кучиња колку и да сакам. Ќе бидам на фб еднаш на ден со цел да објавам кученца за вдомување, не се јавувам на телефон и прифатетет го тоа. Во Септември ја напуштам државава, нема назад од оваа одлука и се надевам до тогаш ќе се појават нови луѓе кои ќе имаат желба да ја продолжат борбата“, стои во соопштението од Анималија Охрид.