Секретаријатот на Енергетската заедница од Виена, Австрија и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска во Охрид ја организираат втората Летна школа.
Во Конгресниот центар во Охрид денеска официјално беше отворена втората летна школа на Енергетската заедница (EnC). Школата ќе трае до 2 септември, а ќе учествуваат 40 најуспешни учесници од 25 различни земји од Југоисточна Европа и од Европската унија, вклучително и експерти – предавачи за енергетика и климатски промени.Целта на Летната школа, меѓудругото, е да ја поддржи транзицијата на енергетскиот сектор и процесот на интергација на земјите од Југоисточна Европа со зајакнување на младите преку едукација за поддршка на процесите и обезбедување одржлива иднина за сите. Ова, исто така, вклучува обезбедување платформа за познавање и размена на искуства помеѓу земјите од ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ.Вицепремиерот задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев истакна дека учесниците на Летната школа на Енергетската заедница ќе имаат навистина добра можност да се здобијат со комплементарни знаења во областа на енергетиката со оглед на фактот дека ќе имаат прилика да учат од навистина еминентни предавачи.Тој се осврна и на реформите во енергетскиот сектор кои се планирани во Република Македонија.