Од 15 до 18 овој месец, во Охрид ќе се одржи втората „БАХА“ меѓународна конференција за туризам под наслов „Дестинацијата како бренд“. Конференцијата, покрај во Охрид, со засебни сесии ќе се одржува и во Струга но и во Корча и Поградец-Албанија.
Во програмата на конференцијата предвидени се 4 панел дискусии: Предизвици во брендирање на дестинацијата; Предизвици во брендирање на малите дестинации; Значењето на хотелскиот бренд за дестинацијата и Гастрономијата како основа на брендирањето. На 17 јуни, најавено е потпишување на протокол за меѓусебна соработка помеѓу Македонската и Албанската туристичка асоцијација. На конференцијата, меѓу другите учесници и презентери по темите ќе биде и Асим Меџедовиќ,менаџерот на туристичката агенција „Фибула“.