ШАМАРОТ НЕ Е НАСИЛСТВО, КОНТРОЛАТА ОД ДЕЧКОТО Е НОРМАЛНА РАБОТА?!

За младите девојки на адолесцентна возраст шамарот од дечкото не преставува насилство, а контролата што врз некои од нив ја вршат повозрасни партнери е нормална работа.

Како што пишува sdk.mk, oва се дел од резултатите на истражувањето што го спроведоа Младинскиот совет Охрид, АМОС од Битола и Фокус од Ресен во рамките на проектот „Љубовни рецепти“. Со истражувањето беа опфатени 1.200 млади лица од Битола, Охрид и Ресен, од кои повеќето, за жал, не ги препознавале знаците на насилство во врската, а ги толкувале како љубов.    

„Младите знаат за поимот насилство, го идентификуваат, но она што се знаци на насилство во адолесцентна врска не ги препознаваат. За нив еден обичен шамар не е насилство, за нив контролирањето на мобилниот телефон и фејсбук профилот од партнерот не е насилство, туку е нормална работа. За нив е нормално доколку во кафуле дечкото порачува пијалок и јадење што тој сака, а тие немаат право на избор. Сето тоа го правдаат со некаква љубов. Тоа се млади кои сакаат во јавноста да покажат дека се во слободна врска, а за жал се полни со предрасуди и стереоптипи“, рече Димче Каневче, раководител на проектот. Во истражувањето се покажало дека има девојки кои првите сексуални контакти ги имале на 12 години. Други пак, имаат повозрасни партнери кои ги контролираат. Понатаму, содржините кои се бараат на Интернет често пати не се едукативни, туку неретко станува збор за порнографски страници и слично. Учесниците во проектот денеска одржаа и марш на Широк Сокак во Битола против насилството врз девојките.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани