Од денеска до 29 август во Охрид ќе се одржи работилница на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на стабилност за Западен Балкан“.
Работилницата е во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Македонија. Работилницата е резултат на континуираната работа на Македонската асоцијација на Маршал Центар Алумни која веќе пет години организира работилници и работи на вмрежување на невладиониот сектор, како и градење на одржливи академски заедници во Западен Балкан на сегашните и идните лидери кои како дел од академската заедница работат на прашања поврзани со транснационалните закани или со прашањата поврзани со /за НАТО и ЕУ. Работилница за соработката меѓу НАТО и ЕУ за стабилност во Западен Балканќе се фокусира на развивање и размена на мислења за промовирање на евроатлантската интеграција, како и меѓусебно разбирање и соработка при креирањето и одржувањето на мрежите на алумни на Центарот за напредни безбедносни студии.Работилницата ќе ја отворат високи претставници од НАТО и американската амбасада во Република Македонија. Еден од главните говорници е Марк Леити, претставник на НАТО. Своето присуство на работилницата го потврдиле и професорите од НАТО колеџот во Рим д-р Пал Дунау и д-р Себастиан вон Мунчоу. Предавачите се и професори од САД, Македонија и други НАТО и земји аспиранти за членство во Алијансата.